Три лица се повредени во сообраќајка што се случи синоќа на влезот во селото Муртино на регионалниот пат од ова село кон селото Робово.

Настанот го потврди портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која информира дека во незгодата учествувале трактор и автомобил „мерцедес“ со струмички регистарски таблички.

Повредени се возачот и сопатник од тракторот и возачот на автомобилот, кои се пренесени на лекување во струмичката болница.

Извршен е увид на местото за утврдување на причините за несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.