Од американската Амбасада во Кабул хеликоптери еден по друг пренесуваат американски и западни дипломати и цивили до воената страна на аеродромот во Кабул.

На аеродромот, десетици американски и британски транспортни авиони ги чекаа своите патници, лентата за слетување е обезбедена од новодојдените американски војници.

Во меѓувреме, во Кабул се формираа долги редици пред банките и неколкуте банкомати во градот, додека жителите брзаат да подигнат готовина.

Авганистански официјален претставник соопшти дека силите во воздухопловната база Баграм, во која се наоѓа затвор со 5.000 затвореници, им се предале на талибанците.

Шефот на округот Баграм, Дарвајш Рауфи, изјави дека базата им е предадена на бунтовниците.

Во затворот биле сместени и талибанци и борци на ИД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.