Претседателот на САД, Доналд Трамп низ шега во Осака го предупреди рускиот колега, Владимир Путин да не се меша во изборите во САД.

Ова се случи на состанокот на самитот Г20, по новинарско прашање до Трамп – дали ќе го предупреди Путин по повод изборите кои се најавени за следната година во САД.

Претходно, Путин ги отфрли обвинувањата за руско мешање во претседателските избори во САД. Коментирајќи ги наводите на американскиот специјален советник Роберт Милер, од истрагата во врска со ова прашање, руската страна пред неколку месеци укажа дека обвинувањата што продолжуваат да се прават против Русија се неосновани. Трамп во неколку наврати ги негираше обвинувањата за каков било заговор со Русија за да ги намали шансите на номинираниот демократски противкандидат, Хилари Клинтон, за победа во Белата куќа во 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.