Американскиот претседател Доналд Трамп ја паузираше исплата за Светската здравствена органзиација (СЗО), инсистирајќи дека агенцијата мора да одговара за наводните неуспеси во реакцијата на вирусот ковид-19, како што претходно се закани.

Денес дадов инструкции на мојата администрација да го прекинат финансирањето на Светската здравствена организација сѐ додека не се изврши ревизија на улогата на организацијата во слабото менаџирање и прикривањето на ширењето на коронавирусот, изјави Трамп синоќа на брифинг во Белата куќа, додавајќи дека САД имаат обврска да инсистираат на целосна одговорност од телото за јавно здравје.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да не го прекинува финансирањето на СЗО, истакнувајќи дека „сега не е време за тоа”.

Сега е време за единство, за соработка во меѓународната заедница, време е за солидарна заедничка работа и борба против вирусот и последиците од пандемијата, апелираше Гутереш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.