Повратничката песна на Дарко Лазиќ наиде на одличен одзив на публиката, па така за една недела заработи преку пет милиони прегледи на ЈуТјуб.

Сепак според исповедта на неговиот прв сосед од Брестач, дадена за Скандал, пејачот наводно не се смирува, па стравува за судбината на Лазиќ.

Ма никако да се смири!Татко му и мајка му се изедоа од грижи, а тој само на кафеана и пиење мисли. Ниту враќа долгови, ниту се труди нешто да заштеди. Куќата му стои онака недовршена, а бебето само што не се родило- вели соседот на Дарко.

Гледам дека доаѓаат во некои бесни автомобили, веројатно го бркаат за долгови. За жалење е онаа малата Марина, толку е млада, а веќе има сериозни грижи. Дарко како во кафена да е роден, штом ги отвара очите, брза некаде да заседне. Си тера по свое. Зборува како ќе се всели во новата куќа, но се сомневам. Тој има долгови, не се откажува од пороци и не мисли на иднината. Да биде се полошо, тој и понатаму се задолжува. Како чавки да му го испиле мозокот – додал соседот.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.