Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари ги отфрли обвинувањата на член на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

„Не станува збор колективен станбен објект (комерцијален објект), туку за индивидуална станбена куќа и објектот не е дивоградба како во општините Чаир, Сарај, Струга и слично, туку се работи само за градба со отстапување од 3 метри од градежната дозвола. За предметниот случај, Општината, односно општинските градежни инспектори, кои се самостојни во нивнаата работа, навреме ги презеле сите мерки предвидени со закон, кои можам да ги аргументирам со актите достапни до јавноста“ – истакна Таравари.

Во продолжение тој ги објасни сите детали за преземените мерки:

– На 20.07.2018 година станала правосилна Градежната дозвола, кога започнале и градежните работи. Кога било констатирано дека инвеститорот отстапил од габаритор, односно излегол за 3 метри напред со објектот, инспекторите извршиле увид на лице место на 16.10.2018, при што побарале инвеститорот да го отстрани делот кој не е предвиден во градежната дозвола и истиот ден составиле Записник. Бидејќи инвеститорот не постапил согласно Решението, инспекторите повторно излегле на лице место на 18.03.2021 година, кога бил составен и Записник. За случајот известено е и Обвинителството и со тоа завршува се што е во надлежност на Општината. Досега немаме судска одлука за уривање, а Општината без судска одлука не може да урне ниту еден објект. Ова го знае секој правник, а тоа треба да го знае и членот на Антикорупциската комисија – појасни градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.

Градоначалникот Таравари рече и дека обвинувањата од ДКСК, каде повеќето членови, но не сите, работат по наредба и диктат на владиниот двоец ДУИ-СДСМ, има за цел политички да ја дискредитира неговата личност, истот како и Комисијата за антидискриминација, с особено Финансиската плоција кој вршеше многу чести, непотребни контроли и надвор од секоја логика во општина Гостивари, а се знае и како заврши нејзиниот директор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.