Потпретседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари во емисијата 24 анализа рече дека со Грција имавме подобро предлози од пред 25 години, а ние прифативме Македонија. Имаме три затворени патишта и еден кон ЕУ.

Според сите партии се за тој пат, но овој процес на преговарање беше многу нетранспарантен. Сите бараа од министерот на МНР да ги брифира. Можеше да се превeнира и да биде помек ставот на партиите, иако генерално го прифатија, а поентата е кој ќе поентира политички. Реакциите се насочени кон тоа, не треба толку емоционално да се реагира, трезвено треба да се размислува. Се работи за иднината на нашите деца – рече Таравари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.