Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека не знае ништо за распоредот на состаноците на специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак кој денеска пристигнува во Косово.

Тачи после денешниот состанок со премиерот на Косово, Авдулах Хоти, рече дека Лајчек е добредојден само доколку ја прифати реалноста на Косово.

Не сум известен за содржината и дневниот ред за посетата на Мирослав Лајчак на Косово. Тој мора да разбере дека Косово е независно и суверено. Ако дојде со таков пристап, добредојден е. Секој друг пристап е негов неуспех на Косово и во Европската унија, рече Тачи.

На прашањето кој ќе го води диалогот со Белград, тој или премиерот, Тачи одговори дека тоа е разјаснето со Уставот на Косово.

Косовскиот премиер Авдулах Хоти после состанокот со претседателот Хашим Тачи изјави дека нема дилеми дека тој ќе го води дијалогот со Белград, но и дека го повикал Тачи на соработка и координација, пренесува Коха.

Овие прашања не се поставуваат, Уставот е јасен. Уставната пресуда исто така е јасна. Имаме одвоени улоги, но е важно да бидат заеднички координирани, изјави Хоти.

Ова е прв пат Хоти да се сретне со претседателот на Косово, откако е избран за премиер.

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Приштина и Белград, Мирослав Лајчак ќе престојува во Косово од денеска до 18-ти јуни, соопшти Канцеларијата на ЕУ на Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.