СЗО ги повика сите држави да ги испитаат своите најрани случаи на коронавирус.

Болеста, подоцна наречена ковид-19, за прв пат била пријавена од кинеските власти во СЗО на 31 декември и засега се смета дека не се проширила во Европа пред јануари.

Тоа ни дава сосема нова слика за сè“, рече портпаролот на СЗО , Кристијан Линдмаер на брифингот на ООН во Женева, осврнувајќи се на откритието во Франција. Откритието ни го олеснува разбирањето за потенцијалната циркулација на вирусот“, додаде тој, истакнувајќи дека рани случаи на инфекција со коронавирус би можеле да бидат откриени со повторно тестирање на примероци на пациенти.

Една француска болница ги повторила тестовите на стари примероци на пациенти кои страдаат од пневмонија и откриле дека еден заболен човек имал коронавирус на 27 декември.

Тое е скоро еден месец пред француската влада да ги потврди првите официјални случаи на коронавирус.

Нема докази во овој момент дека вирусот се проширил од каде било, освен од Вухан. Наместо тоа, францускиот случај се смета дека е некако поврзан со личност која патувала од Кина за Франција во текот на декември, додава портпаролот на СЗО.

Сепак, францускиот пациент немал директна врска со Кина или поновата историја на патување во Кина, па експертите детално го истражуваат случајот.

Линдмаер апелираше до другите држави да ги проверат нивните случаи на пневмонија или други слични болести кои датираат од крајот на 2019 година, бидејќи може да се даде нова и почиста слика за пандемијата.

На прашањето за потеклото на вирусот во Кина, Линдмаер рече дека е многу, многу важно да се истражи сето тоа.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД имаат докази дека новиот коронавирус е производ на лабораторијата во Вухан, и покрај тоа што научниците го убедиле СЗО дека станува збор за вирус пренесен од  животни.

Ова ќе бара дополнителни мисии или мисија во Кина и ние очекуваме нови истраги, додаде Линдмаер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.