Американскиот стечаен судија донесе одлука компанијата на филмскиот могул, Харви Вајнстин, да исплати 17 милиони долари отштета на жените, жртви кои го обвинија за сексуално насилство.

Вајнстин лани доби пресуда од 23 години затвор поради силување и сексуално злоставување на три жени по низата обвиненија кои се појавија во текот на 2017 година кога жртвите почнаа да ги признаваат своите искуства со овој режисер.

Исплатата на неговите жртви следува со текот на продажбата на неговата фирма „Вајнстин Ко.“, која во 2018 година отиде под стечај по банкротот поради сексуалните обвиненија, а судијата ги отфрли сите жалби на оваа одлука.

„Вајнстин Ко.“ ја основаа контроверзниот Харви и неговиот брат Боб во 2005 година и се работи за посебно филмско студио во кое се снимани филмовите „Говорот на кралот“ и „Артист“.

Судија изјави дека 83 отсто од жртвите на сексуално насилство се согласиле на исплаќање надокнада во текот на продажбата на имотот на компанијата на Вајнстин, за да не продолжувата со понатамошни парници, а со тоа ќе им се овозможи опоравување од она што го преживеале.

Исплатата од 17 милиони долари ќе биде поделена меѓу повеќе од 50 жртви така што секој од нив би добил нешто повеќе од 500.000 долари.

Исто така, на мнгоу жртви оставена им е опција за откажување од спогодбата, ако своите права сакаат и понатаму да ги бараат на суд.

Вредноста на компанијата на Вајнстин е проценета на 35 милиони долари, од што освен за наведената накнада, издвоени се 9,5 милиони за вработените во неа за да им се платат она што им се должи по стечајот.

Сите тие, меѓу кои братот Боб, ослободени се од одговорност поврзана со однесувањето на Вајнстајн, пишува Биб-би-си.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.