Мексиканскиот Национален центар за спречување на природни катастрофи „Cenapred“ информира за ерупција на најголемиот вулкан Попокатепетл.

Столбот од пепел што се кренал достигнал височина од три километри, јавуваат агенциите.

Во 6:33 часот беше регистрирана експлозија со умерена содржина на пепел. Ѕидот од чад и пепел во воздухот достигна височина од три километра во правец кон североисток. Прогласено е жолто ниво на опасност или фаза два.

„Cenapred“ преку соопштение на Твитер препорача луѓето да не се доближуваат до вулканот. Властите забранија приближување до кратерот на вулканот на помалку од 12 километри.

“Жолтото ниво” за опасност не вклучува евакуација или прекин на активностите во реонот на вулканот.

Попокатепетел, чие име преведено од јазикот на Ацтеките значи “планина што чади”, се наоѓа на 50 километри од Мексико Сити.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.