Мафијашкиот бос Рафаеле Кутоло, наречен „Професор“, главниот актер во една од најкрвавите епизоди на неаполската мафија во 1970-тите и 1980-тите, почина вчера во затвор, на 79-годишна возраст.

Според италијанскиот печат, Рафаеле Кутоло починал во болница во Парма по 57 години затвор за време на кои не покажал никакви знаци на каење ниту соработувал со судството во истрагата за организацијата која ја воспостави Nuova Camorra Organizzata” (Нова Организирана Камора) и која беше надлежна за сите други кланови.

Роден во 1941 година во областа Неапол, на 22-годишна возраст беше првпат осуден за убиство на човек кој ја навредил неговата сестра. Во затворот, со својата харизма и поетски дар, го заработил прекарот „Професор“.

Она што локалните медиуми го истакнуваат е дека тој ја основал организацијата во затвор и управувал со неа од затворот, во кој го поминал скоро целиот свој возрасен живот.

Неговото владеење беше обележано со бранови убиства, во просек 300 годишно, а неговата империја опфаќаше широк спектар на активности од шверц на цигари до јавниот сектор.

Инспирирал десетици книги, па дури и филм, и постојано повторувал во текот на целиот живот дека поседува тајни со кои би можел да ја собори италијанската држава

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.