Цената на златото денеска порасна за 0,7 отсто на 1.838,8 долари за унца поради веста дека некои западни земји планираат официјално да го забранат увозот на благородниот метал од Русија како санкција поради инвазијата врз Украина, објави Ројтерс.

Во исто време, денес биткоинот е со речиси непроменета вредност и чини 21.170,88 долари, откако претходно овој месец падна на 17.588,88 поени.

Во неделата американскиот претседател Џо Бајден најави дека земјите од Г-7 ќе воведат забрана за увоз на руско злато. Според извори на Ројтерс од американската администрација, официјалната забрана ќе биде објавена на 28 јуни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.