Граѓаните на Сиднеј кои не се вакцинирани против коронавирус ризикуваат да добијат забрана за разни социјални активности.

Според планот за излез од блокадата во најголемиот австралиски град, на невакцинираните луѓе веќе им се ускратени некои активности, кои постепено ќе им бидат одобрувани на вакцинираните жители од 11 октомври до 1 декември, пренесува „Ројтерс“.

Премиерот на Нов Јужен Велс, Гладис Береџкилијан, изјави дека на луѓето кои ќе изберат да не се вакцинираат може да им се забрани пристап до продавници, ресторани и забавни содржини, дури и откако државата ќе ги укине сите ограничувања.

Многу компании објавија дека нема да прифатат никого што не е вакциниран. Животот на невакцинираните ќе биде многу тежок, на неодредено време”, изјави Береџкилијан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.