Жителите на централниот кинески град Вухан се затворени во своите станови, па прават се за подобро да се најдат во градот кој е изолиран поради избивање на новиот, опасен вирус.

Така на пример, станарите на одделни облакодери во понеделникот вечерта излегле на балконите и прозорците и заедно ја пееле химната и другите песни, пренесува АП.

Рефренот од химната чиј превод гласи „стани, стани, стани“ одекнувал меѓу кулите.

Кина денеска потврди дека од новиот вирус починале 106 лица и дека повеќе од 4.500 се заразени, главно во Вухан, каде епидемијата почнала во декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.