Силен земјотрес се случи денеска северно од островот Самос, а се почувствува и во Атина и Турција. Според првите проценки земјотресот бил со јачина од 6,7 степени по Рихтер.

Репортерите на Спутник од Грција и Турција и корисниците на социјалните мрежи објавија првични фотографии и снимки од потресот.

Земјотресот се случил нешто пред 14 часот на грчкиот остров Самос, 17 километри во морето западно од провинцијата Измир во Турција.

После првиот потрес, следувале уште 3 со магнитуди 4.1, 4.2 и 4.8.

Има голема штета на објекти и патишта, додека во Измир се срушиле и неколку згради.

Ова е снимката на рушењето на една од нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.