Премиерот на Белгија, Александар Де Кро, истакна дека рестриктивните епидемиолошки мерки во земјата ќе останат засилени, додавајќи дека последната недела е зголемен бројот на пациенти во болниците, што според него е причина за вознемиреност.

Како што објасни Де Кро, поради тоа, властите избрале да прогласат „недела на чекање“ пред да донесат какви било одлуки за олабавување на мерките.

Мислам дека секој од нас е свесен за фактот дека копнееме за повеќе можности и за таа слобода за која толку многу зборувавме. Сепак, ако ги олабавиме мерките веднаш и на несовесен и непромислен начин, тоа би имало краткорочен ефект – изјави Де Кро.

Од почетокот на пандемијата во Белгија се потврдени вкупно 766.654 заразени лица и 22.034 починати пациенти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.