Британските парламентарци ја повикуваат Владата да преземе итна акција за борба против семејното насилство, откако во извештај е утврдено дека бројот на повици до Центарот за помош за семејно насилство се зголемил за 49 проценти за време на ограничувања поради коронавирусот.

Парламентарниот Одбор за семејство го наведе истражувањето во кое е утврдено дека најмалку 16 убиства на жени и деца во семејство се случиле помеѓу 23 март, кога беа објавени ограничените мерки, и 12 април. Тоа е двојно повеќе од просекот за 21 ден во последната деценија.

Претседавачот на Комитетот, Ивет Купер изјави денеска дека е неопходна итна акција за заштита на жртвите.

Комитетот повика на ново итно финансирање за социјалните служби за заштита на жените и децата и преземање итни безбедносни мерки за оние кои се изложени на ризик за време на карантин мерките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.