Жителите на Даблин се кренаа против новите рестрикции. Стотици луѓе излегоа на улиците вчера, во знак на протест против мерките за затворање. Протестите станаа насилни.

Полицијата се судри со демонстрантите кои се обидоа да се пробијат до главниот парк, јави телевизијата РТЕ. Неколку лица се уапсени. Ирската влада неодамна објави дека ќе го продолжи најстрогиот карантин до 5 април, иако училиштата постепено ќе се отвораат од понеделник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.