Еден од најдолгите судири во светот, помеѓу Ерменија и Азербејџан околу спорната област Нагорно Карабах, брутално е оживеан овој викенд, со жестоки судири во кои загинале најмалку 31 лице.

Двете поранешни советски републики започнаа вооружени судири околу областа која меѓународно е призната како дел од Азербејџан, но е контролирана од етнички Ерменци. Кога судирот за прв пат изби во февруари 1988 година, десетици илјади луѓе беа убиени во борбите, пишува БиБиСи.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев нареди делумна мобилизација во земјата во понеделникот. Тој соопшти дека е сигурен дека неговата земја ќе ја поврати контролата во Нагорно Карабах.

Илхам Алиев, претседател на Азербејџан

Претходно, Ерменија објави мобилизација откако започнаа непријателствата меѓу двете земји. Владата на Ерменија тврди дека Азербејџан прв извршил артилериски и воздушни напади. Кратко после тоа, претседателот на Ерменија прогласи воена состојба и општа мобилизација.

Сепаратистичките власти во Нагорно Карабах соопштија дека загинале една жена и дете, како и 16 војници, а околу 100 борци се повредени.

Двете поранешни советски републики започнаа вооружени судири во 1990 година

Азербејџанската влада соопшти дека нападите се одговор на гранатирањето долж целиот фронт.

Нагорно Карабах е спорна територија каде првично беше прогласен привремен прекин на огнот во 1994 година. Европската унија и Русија повикаа на запирање на воените дејствија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.