Велика Британија е децении далеку од постигнување рамноправност на жените на работното место, покажуваат резултатите од студијата во која се истакнува дека жените се само шест проценти од извршните директори во водечките компании.

Мажите продолжуваат да доминираат на позициите на моќ во политиката, законот, медиумите, спортот и другите клучни сектори, покажа студија на групата за права на жените „Фосет Сосајати“, а жените со малцинско потекло се особено недоволно застапени.

И покрај важноста за вработување жени, денешните податоци покажуваат дека се уште сме со генерации далеку од постигнување рамноправност – истакна извршниот директор Сем Смедерс, додавајќи дека општеството „ги губи женскиот талент и вештини“.

И покрај законите кои гарантираат еднаква плата и права, жените се уште се малцинство на високи позиции во компаниите и јавниот живот, додека јавните податоци покажуваат дека оние работнички со полно работно време имаат помала плата од мажите во просек околу 8,9 проценти во минатата година.

Жените се само шест отсто од извршните директори во 100 водечки компании, помалку од една четвртина уредници на весници и нешто повеќе од една третина од избраните пратеници во Долниот дом на Парламентот, покажуваат новите бројки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.