Италијанскиот премиер Марио Драги ја назначи дипломатката од кариера Елизабета Белони на чело на тајната служба, со што таа стана првата жена на ваква позиција во земјата.

Белони е избрана за шеф на Одделот за безбедносни информации (ДИС), каде што ќе го наследи Џенард Векионе, соопшти владата.

ДИС, кој е директно зависен од Владата, има за задача да ги надгледува активностите на две безбедносни агенции – за прекуокеанско и за домашно контраразузнавање.

Белони имала неколку високи позиции во Министерството за надворешни работи. Италијанската јавност го дозна нејзиното име во периодот од 2004 до 2008 година кога ја водеше единицата за кризни ситуации во тоа министерство, задолжена за операции поврзани со случаи на киднапирања или повредени или загинати Италијанци во напади или природни катастрофи во странство.

Таа се занимаваше со многу настани кои предизвикуваа голем интерес во јавноста, како што се преговорите за ослободување на новинарката Даниела Мастроџакоми од дневниот весник „Република“, киднапирана во 2007 година во Авганистан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.