Полицијата во францускиот град Стразбур почна истрага по пријавата од девојка дека среде ден била нападната на улица од тројца мажи затоа што носела здолниште.

Според Би-Би-Си, 22-годишната студентка, откако мажите и приговориле дека носи здолниште, од едниот добила удар во лицето, а друг ја навредувал.

Таа навела дека, додека ја држеле двајца мажи, третиот ја удрил со тупаница по лицето, а потоа сите тројца побегнале, како и дека инцидентот се случил пред повеќе од десетина луѓе, но дека никој не реагирал.

Француски весник исто така објави дека две жени биле нападнати вчера во градот Мулхаус затоа што едната од нив била опомената за носење на „прекратко здолниште“

Помладиот министер за внатрешни работи, Марлен Скиапа, одговорна за прашањата на еднаквоста, го посети Стразбур во средата за да разговара за безбедноста на жените во јавност.

Кога сме сведоци на улично вознемирување, сексистички или сексуален напад врз жени на јавен простор, мора да реагираме и да повикаме полиција или жандармерија, рече таа.

Центристичката влада на претседателот Емануел Макрон во последните неколку недели започна да користи сè поостра реторика за домашните безбедносни прашања во она што аналитичарите го сметаат за поместување кон десно.

Министрите особено го нападнаа исламистичкиот екстремизам, тврдејќи дека таквите вредности немаат место во француското општество.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.