Жена намерно кашлала врз храна во продавница во американската сојузна држава Пенсилванија, па ќе се соочи со кривична пријава, соопшти полицијата.

Неименуваната жена влегла во продавница на синџирот Герити-супермаркетс во градот Хановер Тауншип и почнала да кашла врз пекарските производи, месо и друга храна, напиша на Фејсбук Џо Фасула, еден од сопствениците.

Вработените потоа ја тргнале стоката од полиците и ги дезинфицираа местата на коишто жената кашлала. Производите се проценуваат на околу 35.000 долари.

Жената е приведена. Засега се испитува нејзиното физичко, но и психичко здравје. Сѐ уште не е поведена постапка против неа.

Американското Министерство за правда претходно соопшти дека луѓе кои намерно ќе го шират новиот коронавирус, може да бидат обвинети за теоризам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.