Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека евентуална средба за крајот на руско-украинската војна ќе има само со Путин, бидејќи тој сам ги носи сите одлуки во Русија.

За време на онлајн разговор во Давос, пренесува Укринформ, претседателот рече дека „не се носи одлука без него [Путин]. И ние мора јасно да бидеме свесни за ова. И доколку зборуваме за специфична одлука во врска со војната, тогаш оваа одлука нема да биде донесена од никој друг освен со него. И после тоа што го направија, се знае, ние немаме голема желба за вакви средби. Затоа, во принцип, не прифаќам никакви средби со никој од руската Федерацијата, освен со претседателот на Руската Федерација. И само ако има прашање на маса: она за крајот на војната. Тоа е сè. Нема за што друго да се зборува“, рече Зеленски.

На оваа изјава на Зеленски веднаш пристигна одговор од Москва.

Подготвеноста на украинскиот претседател Зеленски да се сретне само со рускиот претседател Путин за продолжување на преговарачкиот процес е „обичен обид за односи со јавност“. Ова го изјави Дмитриј Полјански, прв заменик на рускиот претставник во Обединетите нации. „Неискусните не разбираат дека разговорите на самитот мора да бидат темелно подготвени и агендата мора да биде договорена од двете страни, во спротивно нема потреба да се зборува“, изјави дипломатот, а пренесува агенцијата Тасс.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.