Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека одговорот на Владимир Путин на вооружениот бунт на „Вагнер“ бил слаб и оти рускиот претседател ја губи контролата над сопствениот народ.
Сета таа вертикална моќ, која некогаш ја имаше, сега само се урива, рече Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен.
Тој наведе дека извештаите на украинската разузнавачка служба покажуваат дека Кремљ ја мери поддршката што ја има шефот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин, додавајќи дека половина Русија го поддржува бунтот на приватната воена група.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.