Украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово ја осуди Русија за нејзините „пресметани“ воздушни напади врз трговскиот центар во градот Кременчук, велејќи дека тоа е терористички чин, јавува Анадолија.

Најмалку десет лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени откако Русија изврши напад врз трговски центар во Кременчук за време на голема толпа во понеделникот, јавуваат агенциите.

„Руската држава стана најголемата терористичка организација во светот. И ова е факт. И тоа мора да биде правен факт“, рече Зеленски и додаде: Секој во светот мора да знае дека купувањето или транспортирањето на руска нафта, одржувањето контакти со руските банки, плаќањето даноци и царини на руската држава значи давање пари на терористите“, изјави тој.

Повеќе од 4.634 цивили се убиени во Украина од почетокот на војната на 24 февруари, според Обединетите нации. Според податоците на ОН, повеќе од 14 милиони луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови, вклучително и повеќе од осум милиони кои побегнале во други држави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.