Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека воените сили се ближат кон преземање на градот Лиман, кој беше окупиран уште на пролет од Русите.

Имаме значајни резултати во источниот дел на нашата земја. Се приближуваме кон Лиман. Овие чекори ни значат многу – кажа Зеленски.

Русија вчера анектираше четири украински територии, но Зеленски не се откажува од намерата да ги врати деловите.

Мораме да ја ослободиме цела наша држава – смета украинскиот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.