Владимир Зеленски нареди ревизија на легализацијата на порнографијата и еротиката. Овој потег доаѓа како одговор на петицијата со која се собраа потребните 25.000 потписи за прашањето да биде разгледано од властите.

Коментирајќи ја иницијативата во петокот, Зеленски сигнализираше дека го задолжил премиерот Денис Шмигал „да го обработи прашањето покренато во електронската петиција… и да го информира нејзиниот автор за резултатите од разгледувањето“.

Зеленски истакна дека националниот Устав им дава на украинските граѓани право на слобода на мисла, говор и изразување. Меѓутоа, оваа одредба е ограничена, меѓу другото, со закон за заштита на јавниот морал, кој забранува производство и дистрибуција на експлицитни материјали.

Авторот на петицијата, Тарас Сиромски, рече дека украинското законодавство во оваа област има многу празнини кои „даваат простор за нејзино толкување“, особено во однос на тоа како всушност се дефинира еротизмот. „Законодавството не објаснува добро каде е еротизмот во уметноста, а каде еротизмот е порно“, пишува тој.

Авторот, исто така, рече дека забраната на порно исто така може да промовира корупција. Во исто време, легализацијата на порно претставува „идеална можност да се донесат пари во украинскиот буџет, рече тој.

Одговорот на Зеленски на петицијата доаѓа откако тој го повика премиерот да размисли за легализирање на истополовите бракови по друга петиција минатиот месец.

Тој, сепак, тогаш истакна дека уставните одредби за брак во моментов не можат да се променат поради воената состојба објавена на 24 февруари, истиот ден кога Русија ја започна својата воена офанзива во земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.