Русите се кукавици да признаат пораз, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски вели дека руските окупатори нема да бидат безбедни никаде на украинска територија.

Тој ја пофали воената сила на неговата земја откако започна контраофанзива во јужна Украина.

Наведе дека пресретнатите комуникации на руските војници покажуваат дека тие навистина се плашат од украинските вооружени сили.

„Тие веќе немаат стратешка сила, карактер или разбирање за она што го прават овде на нашата земја“, рече Зеленски.

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба изјави дека тие нема да преговараат за отстапување на територии на Русија, туку сакаат да си ги вратат окупираните територии. Војната во Украина почна на 24 февруари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.