Украина треба да стане полноправен кандидат за пристапување во ЕУ, наместо да биде дел од т.н. пошироко предворје на ЕУ наречено „европската политичка заедница“ предложено од Франција, рече претседателот Володимир Зеленски.

Не ни требаат никакви алтернативи на барањето на Украина за пристапување во Европската унија, не ни требаат такви компромиси“, рекол Зеленски пред новинарите во Киев за време на прес-конференцијата со португалскиот премиер Антонио Коста во посета на земјата.

Претходно овој месец, францускиот претседател Емануел Макрон посочи дека би можеле да бидат потребни „децении“ за Украина да стане полноправна членка на ЕУ и дека наместо тоа треба да се обиде да се приклучи на „европската политичка заедница“, еден вид „втора лига“ на Европската унија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.