„Теророт не е ограничен на нашите државни граници. Полска, балтичките држави… Прашање на време е кога рускиот терор ќе продолжи понатаму“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски и нагласи дека денешниот руски напад врз Полска е удар врз колективната безбедност и е многу значајна ескалација во руско-украинскиот конфликт.

Денес се случи она за што предупредувавме долго време. Руски ракети ја погодија Полска, на целата територија на нашата пријателска земја, изјави вечерва украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видеообраќање на социјалните мрежи.

„Теророт не е ограничен на нашите државни граници. Полска, балтичките држави… Прашање на време е кога рускиот терор ќе продолжи понатаму“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател нагласи дека денешниот руски напад врз Полска е удар врз колективната безбедност и е многу значајна ескалација во руско-украинскиот конфликт.

„Колку подолго Русија чувствува неказнивост, толку повеќе руските ракети ќе бидат закани за сите до кои ќе можат да стигнат. Мора да се преземат дејства“,

порача Зеленски.

Тој во своето обраќање ѝ порача на Полска оти Украина секогаш ќе ја поддржува и додаде дека победата е можна само тогаш кога не постои страв.

„Русија застанува против себе пред светот. Русија губи на бојното поле. Русија не тероризира и нас и сите до кои може да допре. Ќе направиме се за да ја сопреме!“

порача украинскиот претседател во вечерашното видеообраќање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.