Германската партија на „Зелените“ на денешниот конгрес даде зелено светло за почнување на официјални коалициски преговори за нова влада со Социјалдемократска партија на Германија (СДП) и со Слободните демократи (ФДП).

Ако тие разговори бидат успешни, социјалдемократот Олаф Шолц, министер за финансии и вицеканцелар во владата во заминување, ќе биде нов канцелар на Германија. Тоа ќе биде крак на 16-годишното владеење на демохристијаните, предводени од канцеларката Ангела Меркел.

По разговорите во петокот, лидерите на трите партии им препорачаа на своите партии официјално да почнат преговори за коалиција. Раководството на ФДП треба да се изјасни утре.

Претходно, Шолц изјави дека се надева дека пред Божиќ ќе се формира нова влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.