Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, најави можност за заострување на рестриктивните мерки против Ковид-19 во државата во следните два дена.

Според зборовите на Њусом, можно е да биде издадена и наредба граѓаните да останат во своите домови за да се спречи понатамошно ширење на корона вирусот и да се намали притисокот врз здравствениот систем кој е пред колапс.

Според гувернерот, пресметките за капацитетите во одделите за интензивна нега покажале дека до средината на декември, бројот на пациенти со сериозна клиничка слика може да ги надмине капацитетите во единиците за интензивна нега во државата Калифорнија, доколку не се заострат мерките во борбата против епидемијата.

Повеќе од 30 проценти од сите случаи на Ковид-19 во Калифорнија се пациенти со сериозна клиничка слика на кои им е потребна хоспитализација на интензивна нега и приклучување на респиратори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.