Стејт департментот одобри продажба на 100 крајбрежни одбранбени системи „Харпун“ за Тајван, кои ги произведува киомпанијата „Боинг“. Како што соопштија од Пентагон, вредноста на договорот изнесува 2,37 милијарди долари.

Таквиот потег доаѓа неколку дена откако Стејт департментот одобри и продажба на уште три системи за вооружување за Тајван, вклучувајќи сензори, ракети и артилерија, чија вкупна вредност би можела да изнесува 1,8 милијарди долари. Тоа ја предизвика Кина да се закани со санкции.

Портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи на прес-конференција изјави дека Кина ќе воведе санкции против некои американски компании за кои тврди дека се вмешани во продажбата на оружје за Тајван.

Ваквите акции на САД се случуваат во момент кога администрацијата на претседателот Доналд Трамп го зајакнува притисокот врз Кина пред претседателските избори на 3 ноември и кога се зголемува загриженоста поради намерите на Пекинг кон Тајван.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.