ретседателите на САД и Русија Џо Бајден и Владимир Путин ја завршија првата рунда разговори и ќе почнат со првата од двете пошироки средби со делегациите во Женева.

На првиот круг состаноци, Бајден и Путин денеска разговараа во присуство на американскиот државен секретар Ентони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и двајца преведувачи.

Планирани се два пошироки состанока попладнево кога на двајцата лидери ќе им се придружат дополнителни помошници.

Од американска страна, на продолжената средба треба да присуствуваат советникот за национална безбедност Џејк Саливан, заменик државниот секретар за политички прашања Викторија Нуланд, амбасадорот на САД во Русија, Џон Саливан и експертите на Советот за национална безбедност за Русија, Ерик Грин и Стергос Калудис.

Во руската делегација се Лавров, советникот за надворешни работи на Путин, Јуриј Ушаков, заменикот на Лавров, Сергеј Рјабков, началникот на Генералштабот на руската армија, генерал Валери Герасимов, рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, како и пратениците на Кремљ за Украина и Сирија и портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.

Се очекува Самитот вкупно да трае четири до пет часа, по што лидерите ќе одржат одделни прес-конференции

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.