Полска ќе ги продолжи рестриктивните мерки до 18 април поради тоа што и понатаму е голем притисокот врз здравствениот систем.

Министерот за здравство, Адам Ниедзиелски, изјави дека ситуацијата во болниците е многу тешка, особено во јужниот индустриски регион Шлезија.

Во текот на последните 24 часа поради Ковид-19 се хоспитализирани речиси 34.700 пациенти, а на повеќе од 3.300 пациенти им е потребна кислородна поддршка. Пријавени се и околу 15.000 новозаболени и 638 смртни случаи, со што вкупниот број на жртви изнесува 55.703.

Кон крајот на март, Полска го ограничи бројот на луѓе кои можат да посетуваат големи продавници, затворени се фризерски и козметички салони, како и градинки и дневни центри. Исто така беа затворени хотелите, базените, спортски сали и спортски објекти на отворено, како и училиштата, а настава се одржува од далечина. На рестораните им е дозволено само да доставуваат храна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.