Швајцарскиот воздушен простор моментално е „затворен до дополнително известување“, поради дефект на компјутерска опрема, соопшти утринава Службата за контрола на летање „Скајгајд“.

Во швајцарската служба за контрола на летање рано изутринава дојде до техничка неисправност поради што швајцарскиот воздушен простор е затворен за сообраќај од безбедносни причини, се посочува во соопштението.

Од „Скајгајд“ не се објавени други детали за случајот.

Според агенцијата „AТС-Кистоун“, меѓународните летови за Швајцарија се пренасочуваат кон аеродромот во Милано, во северниот дел на Италија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.