Британската полиција соопшти денеска дека привела човек кој со нож нападнал луѓе во близина на Лондонскиот мост во главниот град на Велика Британија.

Според британски медиуми, има повредени лица во нападот и биле регистрирани и два истрела. Полицијата го запре движењето по мостот.

Здравствените власти во градот прогласија „голем инцидент“.

Познатиот Лондонски мост беше затворен откако граѓани пријавиле дека слушнале пукање, соопшти метрополитанската полиција.

На Твитер полицијата објави дека службеници се занимаваат со инцидентот на мостот на реката Темза по пријавеното пукање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.