Шеесет и тригодишен маж од Австрија бил осуден затоа што намерно ја заразил својата поранешна сопруга со коронавирус кашлајќи кон неа, пишува „Асошиејтед Прес“. Портпаролот на регионалниот суд во Линц во вторникот изјави дека мажот е осуден на девет месеци, условно на три години.

Судиите во понеделникот го осудија мажот за обид за нанесување тешка телесна повреда поради намерна инфекција на жртвата на ковид 19, додека тие сè уште живееле во истата куќа, пред разводот да заврши во ноември минатата година.

Обвинетиот, чие име не беше објавено, кашлал кон 70-годишната жена откако дозна дека е позитивен на ковид-19, изјави портпаролот на судот Валтер Ајчингер. Обвинетиот исто така беше осуден за закана на жртвата и лесна телесна повреда кога ја фатил за врат и ја наговарал да ја напушти нивната заедничка куќа.

Исто така, му беше наредено да ѝ плати 1.000 евра надомест на неговата поранешна сопруга, која во меѓувреме се опорави од инфекцијата со ковид-19.

Ниту обвинетиот, ниту обвинителството не планираат да се жалат на казната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.