Меѓународната полициска акција, предводена од Бугарија, Германија и Италија, претресува на 46 комерцијални и станбени имоти, како дел од истрагата за даночна измама од мафијашката италијанска организација „Ндрангета“. Досега се упасени 11 лица и наскоро ќе бидат изведени на суд.

Бугарските власти уапсија едно лице, четири се уапсени во Германија и шест се уапсени во Италија, а доказите беа запленети за време на 46 рации, вклучувајќи и некои од автомобилите за кои се тврди дека се поврзани со криминални активности.

До операцијата дојде откако германските власти ја обвинија италијанска мафијашка група за формирање криминална организација вмешана во затајување данок во вредност од околу 13 милиони евра.

Даночната измама била забележана кога еден од обвинетите побарал данок на додадена вредност со продажба на луксузни возила неколку пати низ Европа. Во истрагата е вклучено и европското јавно обвинителство.

Пред неколку месеци Европол покрена меѓународна операциа против „Ндрангета“ дека е замешана во трговија со дрога и перење пари.

„Ндрангета“ е најмоќната мафијашка организација во земјата и дека дејствуваат низ цела Европа, а полицијата тврди дека оваа организација е одговорна за транспорт на дрога од Јужна Америка во Европа.Поопасна е и од легендарната Коза Ностра и долго време беа во нивна сенка.

Основана е во Калабрија, најсиромашниот дел на Италија. Името означува тајни хиерархиски организирани разбојнички здруженија кои ги поврзувало начелото на омерта – завет на молк на нивните членови,.Главен „бизинс“ им е изнудување пари и шверц на цигари.


За нас е особено важна бидејќи еден од водачите Валид Иса Хмаис поседува македонски пасош. Тој важи за главниот перач на пари од трговијата со кокаин на италијанската нарко мафија на 09.01.2019 година во Скопје во регуларна постапка се сликал во управните служби на МВР, а потоа и го подигнал македонскиот пасош со украден идентитет на Македонец од Корча, Вурмо Таќо роден 1965-тата година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.