Руската полиција во регионот Татарстан, населен претежно со муслиманско население, застрелала 16-годишно момче кое се обидело да предизвика пожар во локалната полициска станица, по што со со нож избодело полицаец.

Истражниот комитет на Русија соопшти дека инцидентот ќе добие третман на обид за тероризам.

Тинејџерот, извикувајќи „Алах акбар“, се обидел да ја запали полициската станица во градот Кукмор со помош на молотов коктел, а при апсењето, најмалку три пати, го избодел полицискиот службеник. Негов колега истрелал неколку куршуми во воздух во знак на предупредување, пред да биде принуден да пука и во напаѓачот.

Од здобиените повреди, момчето починало пред доаѓање на екипа на итната медицинска помош.

Сè уште се непознати причините за нападот за што надлежните органи почнаа кривична постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.