Застрашувачки топлотен бран се шири од Северна Африка кон јужна Европа, напиша синоќа на „Твитер“ шкотскиот метеоролог Скот Данкан.

Данкан потенцираше дека вчера во главниот град на Тунис била измерена рекордна температура на вртоглави 49 степени Целзиусови. Просечните температури во Тунис во август се околу 30 Целзиусови степени, а вчера беше соборен рекордот од јули 1943 година кога беа измерени 47,4 степени.

Ова е само почеток на страшниот топлотен бран, напиша тој, додавајќи дека вчера на Сицилија била измерена температура од дури 47 степени.

Данкан предупредува и дека следи силен топлотен удар во Шпанија.

Скот Данкан е шкотски метеоролог кој живее и работи во Лондон. Работел во различни сегменти на метеоролошката индустрија, а од неодамна израборува временски прогнози и анализи за пазарот на електрична енергија со силен акцент на обновливите извори на енергија во Европа.

На „Твитер“ го следат 48.000 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.