Најмалку 20 лица загинаа, а 30 се повредени вечерва во експлозија на автомобил-бомба пред ресторан во близина на пристаништето во сомалиската престолнина Могадишу, соопштија здравствените власти.

Очевидци на настанот за сомалиските државни медиуми изјави дека по експлозијата се слушнале истрели, пренесоа британските медиуми.

-Досега имаме 20 мртви и 30 ранети на местото на експлозијата, изјави портпаролот на сомалиските служби за итни случаи.

Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.