Научници откриle дека Ковид-19 од луѓе преминал на диви елени во некои делови на САД. За време на ситаржувањето, откриени се антитела на САРС-КоВ-2 во 40 проценти од белорогиот елен на североисток од земјата, пишува Сајенс Алерт (Science Alert).

Само во државата Мичиген, 67 проценти од дивите елени имале имунолошки маркери на корона вирус во крвта. Ова е прв доказ за распространета изложеност на Ковид-19 кај диви животни.

Иако ниту еден елен немал лоша здравствена состојба, присуството на специфични антитела во нивната крв покажува дека тие неодамна се опоравиле од вирусот.

Научниците се загрижени дека групата диви елени може да биде добра основа за развој и мутација на Ковид-19, која подоцна може да се врати кај луѓето, но со посериозни последици отколку порано.

Се уште не е познато каде и како елените дошле во контакт со вирусот. Претпоставките се дека можеле да се заразат директно од луѓе или за време на контакт со добиток или други диви животни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.