Започнува трката за претседател во Италија. Пратениците го избираат наследникот на актуелниот претседател Серџо Матарела, јави ДПА.

Вкупно 1.009 членови на двата дома на Парламентот – Домот на пратеници и Сенатот – како и претставници на регионите и автономните провинции, ќе го дадат својот глас денеска од 15 часот по локално време.

Актуелниот премиер Марио Драги подолго време е фаворит за највисоката функција во државата. Бидејќи тој не може да ги задржи двете позиции, во Рим има преговарања кои траат со недели, за тоа како да продолжи со неговата влада, каде се претставени речиси сите поголеми партии во Парламентот.

Поранешниот премиер Силвио Берлускони во саботата соопшти дека тој се повлекува од трката.

Ниту десничарските партии, ниту левичарскиот спектар, до вчера не се договорија за заеднички кандидат.

Според ова, не се големи шансите да падне одлука на првиот ден од гласањето. Потребно е двотретинско мнозинство за победа во првите три пребројувања. Потоа, доволно е апсолутно мнозинство.

Со само едно гласање дневно, победник не се очекува пред четврток.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.