Полицијата во Москва уапсила четири лица и конфискувала околу 500 килограми црн кавијар од многу редок и загрозен вид на риба есетра, што осомничените го шверцувале, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за внатрешни работи Ирина Волк.

Како што рече таа, овој вид риба се наоѓа на рускиот Црвен список на загрозени видови, а шверцерите го набавувале кавијарот во рускиот Далечен исток и во регионот на Волга и имале намера да го продадат во московските продавници како легален производ, пренесува ТАСС.

Рускиот истражен комитет започнал истрага за едно женско и три машки лица осомничени за нелегална набавка, складирање, превоз и продажба на високо вредни водни биолошки ресурси, идентификувани како ретки и загрозени.

Исто така, истражните органи ги бараат помошниците на осомничените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.