Француските власти кон крајот на април запленија половина тон кокаин во вредност од околу 40 милиони евра во северното пристаниште Данкерк, информира денеска францускиот министер за надворешни работи Џералд Дарманен.

Тој додаде дека дрогата била пронајдена на 29-ти април во брод со контејнери, кој превезувал банани од малата јужноамериканска држава Суринам.

Француското Државно обвинителство спроведува понатамошна истрага, истакна Дарманен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.