Западот нема да дозволи Украина да најде дипломатски излез од сегашната ситуација, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за РТ.

Не се сомневам дека на Украинците нема да им биде дозволено да преговараат додека Американците не решат – ‘Веќе направивме доволно скандали и посеавме хаос, сега можеме да ги оставиме сами на себе, ќе видиме како ќе се извлечат – кажа Лавров.

Според него, САД и Велика Британија со снабдување со оружје на Киев се обидуваат да ја турнат Русија во конфликт со Европа.

Факт е дека тие (Украина) се буквално држени настрана од какви било конструктивни чекори. Тие се буквално напумпани со оружје и принудени да го користат сè поризично. Факт е дека има странски инструктори и експерти кои го сервисираат ХИМАРС, тоа веќе не е тајна – рече Лавров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.