Неидентификуван напаѓач земал заложници во експозитура на Банката во Грузија во Тбилиси.

Нападот е извршен во банкарската филијала во градот Зугдиди

Како што соопшти полицијата, се водат преговори со напаѓачот, а според локални медиуми тој побарал половина милион долари.

Напаѓачот е со маска и маскирна униформа. За своето барање, тој им дал два часа на полицијаците да го исполнат, кои веќе изминаа.

Полицијата информира и дека напаѓачот ослободил една бремена жена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.